Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) распишува Повик за учесници на “Три еднодневни обукиво рамки на проектот Граѓанско учество за интеркултурно општество

Целта на обуките е да се изградат капацитетите и да се стекнат вештини за: работењето и потребите на Комисијата за односи меѓу заедниците (КОМЗ); застапување базирано на истражувачки факти; граѓанско учество и модели на ѓраѓанско учество како дел од демократско учество; вовед во стратегијата Едно општество за сите; креирање на акциски планови за спроведување на иницијативи.

Проектот, вклучувајќи ги трите еднодневни обуки, е поддржан од Амбасадата на Кралство Холандија.

Трите еднодневни обуки  се состојат од три дела:

1. Имплементација на три еднодневни обуки

Првиот дел од трите еднодневни обуки се состои од работилници и предавања на следниве теми: работата и функционирање на КОМЗ на локално ниво, застапување, граѓанско учество, модели на граѓанско учество, стратегија Едно општество за сите, креирање на акциски планови итн.

Работен јазик: македонски

Трите еднодневни обуки ќе бидат спроведени од обучувач, експерт во наведените области. Обуките ќе бидат интерактивни при што би се обезбедила поголема вклученост од учесниците.

По завршувањето на обуките и со учество на сите три еднодневни обуки, учесниците ќе добијат сертификат.

Датум: 09.07.2020; 10.07.2020; 13.07.2020

Време: 17:00 – 19:45

Место: Онлајн (ZOOM платформа)

2. Акциски планови

Вториот дел опфаќа организирање на различни активности како што се дебати, тркалезни маси и други слични активности (предвидени со акциските планови) на кои што учесниците ќе ги претстават своите препораки што одговараат на потребите на КОМЗ и ќе добијат повратен одговор за истите.

Период на реализација: јули – октомври 2020

3. Евалуациска средба

По спроведување на акциските планови ќе се одржи состанок на кој учесниците ќе ги споделат своите искуства од учество на проектот.

Време: ноември 2020

Место: Куманово

Профил на учесници:

  • Возраст над 15 години;
  • Да бидат во можност да учествуваат на сите три обуки, по завршување на истите активно да се вклучат во спроведување на акциските планови во локалните заедници во период од јули до октомври 2020 и да присустуваат на евалуациската средба;
  • Да се: претставници од КОМЗ /претставници од оделот за превенција од полиција/ членови на локални младински организации/ средношколци / други заинтересирани;

 

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават преку пополнување на формулар за учество на следниов линк:

Форма за аплицирање

Пријавите треба да ги поднесете најдоцна до 06.07.2020, 23:59.

За дополнителни информации можете да нѐ контактирате на tamara@cid.mk и/или info@cid.mk.