Центар за Интеркултурен Дијалог (ЦИД) со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со задоволство распишува повик за учесници за 4-та Школа против Говор на Омраза.
Центарот за Меѓукултурен Дијалог 4та година по ред огранизира обука за младински работници, студенти, активисти кои се мотивирани да ги развијат своите вештини во справување со говорот на омраза.
Главната цел е да обучи младински работници, едукатори и активисти како да се справат со дискриминација, нетолеранција, говорот на омраза и подемот на насилство преку користење на едукација за човекови права. Обуката ќе ја подигне свеста за ефектите кои говорот на омраза ги има врз младите како превентива за злосторства од омраза. Ќе обезбеди 20 учесници со компетенции како да промовираат човекови права и да ги едуцираат младите за човекови права со цел активно да се вклучат во борбата против прекршувањата на човековите права .
Профил на учесници:
- Да се над 18 години
- Да се во можност да учествуваат во текот на целата обука, и по обуката активно да се вклучат во спроведување на активности
- Да се средношколци, студенти, младински работници и/или едукатори, претставници на младински организации од Македонија, активисти
- Да имаат основни познавања за организирање на образовен настан како на пример работилница
- По завршување на обуката да се во можност за реализација на кратка активност во околината во која дејствуваат
Обуката се реализира од страна на обучувачи и експерти од сферата.
Сите заинтересирани можат да се пријават преку потполнување на формулар за учество кој може да го најдете на овој линк:
Пријавите треба да ги поднесете најдоцна до 19ти Октомври 2015 година.
За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: +389 71 390 187 или по емаил matej@cid.mk и/или milos@cid.mk.
Повикот во целост може да го погледнете тука.
*На учесниците ќе има биде дадена потврда за учество доколку имаат потреба од таква.