Центар за Интеркултурен Дијалог (ЦИД) со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со задоволство распишува повик за учесници за 6-та Школа против говор на омраза: Медиумска писменост и критичко размислување. Центар за Интеркултурен Дијалог 6та година по ред огранизира обука за младински работници, студенти и активисти чијашто главна цел е да ги развие нивните вештини за справување со говорот на омраза.

 

Обуката ќе биде организирана во три дела:

  • Првиот дел од обуката ќе биде онлајн и ќе се фокусира на обезбедување на општо запознавање на темата меѓу учесниците, како и обезбедување простор за нив да се запознаат еден со друг.
  • Вториот дел претставува обука која ќе се одржи од 25ти– 29ти октомври 2017 во Берово. На обуката ќе се одржат работилници, предавања за што претставува говор на омраза, како се манифестира, кои се последиците, вклучувајќи го и криминалот од омраза и како да се справуваме со него. Исто така ќе се дискутира и како да препознаеме различни наративи, нивна деконструкција и креирање на истите.
  • Третиот дел претставува организирање на кратки активности на учесниците на обуката во средините во кои работат и делуваат во врска со темата на обуката. Овие активности ќе бидат вклучени во годишниот план на активности на Националната кампања против говор на омраза.

 

Профил на учесници:
  • Возраст над 18 години;
  • Можност за учество на целата обука, а по обуката активно да се вклучат во спроведување на активности;
  • Да се студенти, младински работници и/или едукатори, активисти, претставници на младински организации;
  • Да имаат основни познавања во областа на човековите права и претходно искуство во организирање на настани;
  • По завршување на обуката да бидат во можност да реализираат кратка активност во околината во којашто дејствуваат.

 

Датуми: 25.1029.10.2017

Место: Берово

 

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани можат да го симнат повикот и да се пријават преку потполнување на формулар за учество кој може да го најдете на овој линк

ПРИЈАВЕТЕ СЕ

 

Пријавите треба да ги поднесете најдоцна до 11ти Октомври 2017 година.

 

За дополнителни информации можете да нѐ контактирате на тел: +389 71 359 957 или по емаил nami@cid.mk и/или info@cid.mk. На учесниците ќе им биде доделен сертификат по завршување на обуката.