Центарот за интеркултурен дијалог (CID) објавува повик за истражувач кој ќе биде ангажиран во рамки на проектот „Мојот глас во мојот град“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Истражувачот ќе биде одговорен за спроведување истражување поврзано со учеството на младите во локалните процеси на донесување одлуки во општина Куманово, со цел да се добијат податоци и препораки кои ќе помогнат во зајакнување на младинското учество и дијалог со локалните институции.
Во рамки на ангажманот, истражувачот ќе треба да изврши идентификација и прибирање на сите релевантни документи од јавни извори ; контакт и прибирање дополнителни податоци од институции и организации преку официјални барања, интервјуа или теренски консултации; анализа и категоризација на документите според тематска област и релевантност; проверка на точност, датум на издавање и извор на секој документ пред негово внесување во базата; тесна координација со проектниот тим при техничката интеграција на податоците во дигиталната база.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните кандидати треба да испратат: кратка биографија (CV) на следната е-пошта: info@cid.mk
Рок за аплицирање: 31.03.2026
Повеќе информации може да најдете на следниот линк