Сакаш да влијаеш на тоа како ќе изгледаат дигиталните алатки за млади? Вклучи се и креирај решение што ќе се користи во реалноста!
Центарот за интеркултурен дијалог (CID) ве поканува на дизајн работилница што ќе се одржи во MultiКулти во Куманово, во рамки на проектот „ Мојот глас во мојот град “, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Што ќе правиме?
Преку ко-креативен процес, заедно ќе работиме на дизајн на дигитален интерфејс за AI алатка наменета за младите.
Кој може да се пријави?
- Млади (15–30 години)
- Младински координатори
- Претставници на граѓански организации
Што добиваш?
- Практично искуство во дизајн и ко-креација
- Можност твоите идеи да станат дел од реална дигитална алатка
- Работа во инспиративна и интерактивна средина
Каде / Кога?
MultiКулти, Куманово 07.05.2026
Број на учесници: 20 учесници
Како да се пријавиш?
Сите апликации треба да се испратат на info@cid.mk најдоцна до 29.04.2026
Не ја пропуштај шансата да бидеш дел од решение за подобра заедница!