Конференцијата претставува завршен настан на заeдничкиот напор на 3 младински организации од Македонија, Германија и Белгија, споен во проектот Социјална инклузија преку претприемништво (Social Inclusion through Entrepreneurship), дел одЕразмус + програмата на Европската комисија, поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Главната цел на проектот е развивање на капацитетите на едукаторите и лидерите кои се активни и искусни во програмите за образование на возрасни, за да тие самите дизајнираат и обезбедуваат образовни програми, за да го олеснат вклучувањето на маргинализираните  групи и да иницираат нивно вработување.

Конференцијата ќе се организира како еднодневен настан кој ќе опфати презентација на активностите и постигнувањата на проектот, едно од кои е публикацијата Социјално претприемништво – Прирачник и курикулум. Презентацијата ќе биде проследена со панел дискусија во која ќе се вклучат експерти за образование на возрасни и две паралелни работилници од кои ќе произлезат препораки за користење на изготвената публикација во обучување на маргинализираните групи, како и препораки за вклопување на социјалното претприемништво во законската легислатива.